Македонската економија е на граница со рецесија, тврди поранешниот министер за финансии, Никола Поповски од СДСМ. Коментирајќи ги податоците за малиот раст на економијата во првиот квартал од само 0,1 насто, тој во интервју за „360 степени“ рече дека е загрижен од малиот раст на индустријата којашто учествува со 20 отсто од Бруто домашниот производ (БДП). Според него се отвара прашањето дали владините мерки потфрлиле?

„Таа не е зависи од владиниот интервенционизам за инвестиции во инфраструктура, што значи дека таму владините мерки потфрлиле кои се за 2018. Не се спровеле. Дали се погрешно поставени? Дали се поставени добро, но не се спроведуваат? Моето мислење е дека владата треба брзо да ги утврди двете причини што произлегува од двете овие работи“, смета  Никола Поповски, Поранешен министер за финансии (СДСМ).

Поранешниот министер за финансии смета дека за македонската економија го достигне очекуваниот раст од 3,2 отсто до крајот на годината, следните три квартали ќе треба да имаат раст од 4,2 отсто, што никогаш не се случило. Во една ваква ситуација, опозицијата обвинува дека како резултат на лошите владини политики дури и Светската банка ја намалува проекцијата за раст на македонската економија на 2,3 отсто за годинава.

„Ќе потсетам дека растот од 2,3 % е далеку понизок од 5% раст годишен колку што ветуваше Зоран Заев за време на кампањата на предвремените парламентарни избори во 2016 година….. Фијаското во растот на македонската економијата е реалноста во која што живеат граѓаните“, вели Христијан Мицковски претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Од Институтот за економски истражувања и политики „Finance Think“ велат дека бројките за БДП на статистиката кажуваат дека економијата во целост била ставена во заден план. Од Владата пак, велат дека застојот во изградбата на автопатиштата е главна причина за малиот раст на БДП во првиот квартал. Оптимисти се дека во следните три квартали, како резултат на започнатите проекти, растот на економијата ќе се забрза, но засега од „Илинденска“ немаат став дали ќе ја намалат проектираната владина проекцијата за раст на економијата од 3,2 отсто годинава.

Александра Спасевска

Shpërndaj me