МЕПСО ги предупредува сите земјоделци во екот на тековната жетва да не поминуваат со комбајните под проводниците т.е. јажињата на далекуводите и да ги избегнуваат далекуводните траси. Заради тоа што со тоа се изложуваат на ризик  и ги загрозуваат сопствените животи како и животите на лицата кои се наоѓаат во нивната околина. Од МЕПСО апелираат во екот на сезоната за наводнување да не поставуваат системи за наводнување во далекуводните траси заради тоа што водата е проводник на електрична енергија и контактот со проводните јажиња го зголемува ризикот од струен удар на лицето кое ракува со системот за наводнување и на други лица кои се наоѓаат во непосредна близина.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...