Пожарникарите и припадниците на цивилната заштита на Словенија се уште ги санираат последиците од силниот ветер кој во текот на вчерашниот ден дуваше во земјата. Половина држава се уште е во “црвена фаза” за опасност од екстремно силен ветер.

Едно лице го изгуби животот откако врз неговиот автомобил падна дрво откорнато со силниот ветер. Синоќа без струја беа над 340 домаќинства во околината на Цеље. Поради силниот ветер е оштетен покривот на болницата во Птуј.

Во Општината Преболд ветерот откорна 230 години стара липа, која падна врз куќа и ја оштетила. Проблеми со откорнати дрва и сообраќајни знаци има во Штаерската и Корошката област.

Агенцијата за животна средина (АРСО) објави дека во некои делови на словенија денеска е измерен ветер со брзина и над 100 километри на час.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...