Да се прекине процесот на уставни измени, да се распушти Собранието и да се организираат предвремени парламентарни избори. Ова се барањата содржани во повелбата што ја потпишаа 84 здруженија, политички партии и други организации од Македонија и дијаспората. Лидерот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, вели дека влегуваат во финална битка со, како што рече, марионетската власт. Најави и протести се до остварување на барањата. Филип Петровски, пак, рече дека ќе одат и пред домовите на осумтемина опозициски пратеници кои гласаа за отворање на Уставот, со цел да ги премислат.

„Пучистичката власт во Скопје ја игнорира волјата на народот од 30-ти септември и затоа ние сега продолжуваме со оваа наша битка и не е претерано ако кажам дека сега влегуваме во финална битка, во пресметка со марионтската власт со цел да се спречи да се избрише се што е македонско“, рече Јанко Бачев – Единствена Македонија.

„Оваа бројка на луѓе и организации, Македонци од државата и од целиот свет, ќе допре до разумот, до умот и до срцето на пратениците кои што чудесно се предомислија во последниот ден и гласаа за уставни промени“, рече Филип Петровски.

Loading...

Shpërndaj me