Основното обвинителство во Кичево покрена обвинение против Шеќерим Ахмеди познат како „Ел Чека“, кој веќе еден месец објавува прислушувани разговори на социјалните мрежи. Обвинението е поднесено врз основа на пријава од МВР кво која Ахмеди е осомничен за незаконско прислушување и снимање“.

Алсат дознава дека судењето против „Ел Чека“ се очекува да почне наскоро. Кумановската полиција за истите дела му поднесе кривична пријава на Лулзим Алити. Тој ќе се гони и за загрозувањето на приватноста. Извори од кумановското обвинителство велат дека се уште не ја добиле пријавата против Алити. Тој на социјалната мрежа Фејсбук, пријавата ја оцени како обид за заплашување, бидејќи, според него, тој не сторил ништо, туку само ги споделувал материјалите кои ги објавувал „Ел Чека“. Во рамките на истрагата против објавувањето на прислушуваните материјали, неофицијално се дознава дека полицијата трага по уште десетина лица кои ги ширеле материјалите. Јавното обвинителство најавува дека секое објавување или споделување е кривично дело.

Визард- Јавно обвинителство

„Јавното обвинителство соопштува дека секое објавување на незаконски прислушувани материјали е кривично дело за кое следува казна затвор од од 1 до 5 години и тоа за секој што „им овозможува на несоодветни лица да бидат запознаени со содржината на разговорот или снимената изјава“.

И покрај пријавата, „Ел Чека“ продолжува со објавување на прислушуваните материјали, каде зборуваат во главно лидерот на ДУИ, Али Ахмети и неговите сопартијци Муса Џафери, Блерим Беџети, Садула Дураку и Артан Груби. Последните неколку дена на неговиот фејсбук профил се емитуваат и разговори на поранешни функционери на ВМРО ДПМНЕ.

Adrian Kerimi

Loading...

Shpërndaj me

Loading...