Домаќинствата кои ќе добијат 100 процентна субвенција за купување  инвертер клими ќе мора да ги предадат во општината каде живеат печките и шпоретите на дрва. Граѓаните ќе бидат обврзани написмено да гарантираат дека повеќе нема да користат огревно дрво и дека ќе дозволат по извесен период инспектори да извршат проверка во нивните домови,  дали го почитуваат договорот. Оние кои ќе го прекршат Законот ќе добијат санкција од државата. Иако грејната сезона започнува за помалку од еден месец, надлежните сметаат дека мерката не е задоцнета, а причината зошто сега се промовира се финансиските средства.

„Во законското решение ќе бидат предвидени стандардите, значи нема да дозволиме сомнителни инвертери, без никаква гаранција да се појават. Навистина сакаме да биде едно сеопфатно решение. Градот мислам дека подели 1.600 инвертори досега, гледам и дека дел од општините најавуваат свои мерки“, рече Јани Макрадули, заменик министер за животна средина.

Не ни е потребно само замена од едно на друго средство за греење, туку потребна е промена на целокупниот начин на живот –  децидни се невладините. Граѓанскиот сектор денеска седна на заедничка маса со надлежните во владата и поднесе иницијатива за изработка на долгорочна стратегија за решавање на проблемот со аерозагадувањето. Обвинуваат дека добар дел од ветените проекти на властите за почист воздух не се ниту започнати а не пак завршени.

„Има сектори каде многу малку е преземено. На пример индустријата и сообраќајот. Знаевме дека Законот за сообраќај треба да помине. Дека треба за една година да се воспостави во рок од една година системот на зонирање на лепенки, беше ветено, но не се случи“, вели Ана Чоловиќ „Еко свест“.

Предност за добивање на субвенционирани инвертори ќе добијат ранливите категории граѓани. Проект за замена на печките на дрва со клима уреди првично ќе ваи за Скопје, Тетово, Кичево и Битола, како средини кои се најзагадени не само во Македонија туку и во светот. Едно семејство од државата може да добие до илјада евра за набавка на инвертор, а вкупниот фонд е до четири милиони евра. Парите ќе ги обезбеди државната фирма АД. Електрани.

Иле Петревски

Loading...

Shpërndaj me

Loading...