За зголемена соработка помеѓу домашните и странски компании потребна е поголема маркетинг активност на фирмите од земјава. Советот на странските инвестиции смета дека годинава значително е подобрена бизнис релацијата помеѓу бизнисмените од Македонија и странските инвеститори.

За подобра и поквалитетна услуга, на компаниите од земјава им треба стандардизација на производите кои што ги нудат на странските инвеститори. Странските инвеститори ги охрабруваат домашните фирми да тропнат на нивните врати и да понудат соработка.

„Секоја компанија има сертифицирани добавувачи и доколку сакате да станете добавувач на странска компанија треба да бидете сертифициран. Секоја компанија, а особено странските инвеститори имаат стандарди на квалитет кои мора да ги гарантираат кон клиентите. А, со тоа треба да го осигурате тој квалитет во целата низа на тие  добавувачи“, рече Штефан Питер, претседател на советот на странски инвеститори.

Loading...

Shpërndaj me