Јавното обвинителство во Скопје до Основниот суд Скопје 1, поднесе обвинение против Миленко Неделковски за кривичното дело „дистрибуција на расистички и ксенофобичен материјал преку компјутерски систем”. Неделковски е обвинет дека на 24 јули, преку компјутерскиот систем, споделувал ксенофобични материјали промовирајќи омраза врз етничка основа. Односно, осомничениот како јавна личност – новинар, од својот јавен профил на социјалните мрежи објави коментар за пожарот на грчкиот остров Атика, во кој имало и човечки жртви. За ова дело, според Кривичниот законик, се предвидува казна затвор од една до пет години затвор.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...