За да го исчистите организмот од маснотите со животинско потекло и да го намалите холестеролот во крвта, потребно е на пролет да ја консумирате „храната на самураите“.

Станува збор за чајот од шитаки печурки кој ги чисти мастите од организмот. Истражувањата покажале дека супстанцијата која се наоѓа во шитаки печурките, наречена еритаденин за само неколку дена го намалува нивото на холестерол во крвта дури 25 до 40 % . Новите истражувања покажуваат дека овие печурки имаат и антиканцерогено дејство.

Како да го подготвите чајот од шитаки печурки?

Овој чај се подготвува од исушени црни шитаки печурки.

Начин на подготовка:

Исечете една шитаки печурка и додајте две шолји ладна вода. Кога ќе зоврие водата, намалете на тивко и варете околу 20 минути. Во чајот додадете малку морска сол или една лажица сос од соја. Пијте по пола шолја, четири пати на ден. Чајот не смее да се пие повеќе од 3 дена.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...