Антикорупциската комисија откри нерегуларности во документите за декларирање на имотот кај 18 градоначалници. Шест градоначалници не доставиле анкетни листови, седум декларација за конфликт на интереси и пет градоначалници не доставиле ништо. Претседателката на Комисијата за спречување на корупција, Билјана Ивановска, изјави дека роковите за доставување се завршени, додека градоначалниците кои не ја доставиле целата документација ќе бидат казнети од 200 до 400 евра. Во врска со непотизмот, Ивановска додаде дека тие се во процес на обработка на добиените документи.

Како што велат од Антикорупциска, во моментов вршат редовни проверки, дали сите избрани и назначени лица поднеле анкетни листови и дали ја поднеле декларацијата за судир на интереси. Ивановска истакна дека ја контролираат и ситуацијата и кај претседателот Ѓорге Иванов.

Од Антикорупциска велат дека прашањето со деканите е решено, откако беше констатирано дека ги поднеле документите, додека проблемот бил со водечките структури на универзитетите.

 

ГРАДОНАЧАЛНИЦИ КОИ НЕ ПОДНЕЛЕ САМО АНКЕТЕН ЛИСТ

Миликије Алими, градоначалничка на Арачиново

Исен Шабани, градоначалник на Врапиште,

Арбен Таравари, градоначалник на Гостивар,

Константин Георгиевски, градоначалник на Охрид,

Исен Асани, градоначалник на Теарце,

Стефче Трповски, градоначалник на Сопиште

 

НЕ ПОДНЕЛЕ ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА КОНФЛИКТ НА ИНТЕРЕСИ

Албон Џемаили, градоначалник на Боговиње,

Зоран Зимбаков, градоначалник на Босилово,

Марјан Јанев, градоначалник на Василево,

Горан Трајковски, градоначалник на Делчево,

Боро Стоев, градоначалник на Ново Село,

Азем Садики, градоначалник на Студеничани,

Горан Стојановски, градоначалник на Чашка

 

НЕ ПОДНЕЛЕ НИТУ ЕДЕН ДОКУМЕНТ

Сашо Јанковски, градоначалник на Вевчани,

Борис Георгиевски, градоначалник на Гази Баба,

Џемил Ќамили, градоначалник на Доллени

Јордан Насев, градоначалник на Кавадарци,

Ариан Ибрахим, градоначалник на Центар Жупа.

 

Мефаил Исмаили

Loading...

Shpërndaj me



Loading...