Британската кралица Елизабета II го слави 92. роденден, а поворката која ја сочинуваа стотина воени претставници ја одбележа и еден инцидент.

Имено, 79 годишниот воен претставник Маршал Чарлс Гутрие падна на глава од коњот кој го јаваше за време на воената парада во Лондон.

Полицијата веднаш пријде да му помогне, а потоа тој е итно пренесен во болница.

Се претпоставува дека Чарлс се онесвестил пред да падне од коњот.

Ова не е прв пат воен претставник да колабира на роденденот на кралицата Елизабета. Истото се случи и во 2016 година кога еден од гардистите се онесвести.

Shpërndaj me