Поголемиот дел од Општините тешко функционираат. Причина е лошата финансиска состојба со која се соочуваат. И од Министерството за локална самоуправа признаваат дека на локално ниво нема доволен капацитет за собирање на даноците од кои потоа би се развивала општината. Од министерството велат дека за да се реши проблемот подобро ќе соработувале локалната и централната власт .

„Државата е вклучена во еден инклузивен процес да им помогне на општините, не само во делот на собирање на даноци, туку фирмирани се неколку работни групи што ги анализираат сите финансирања на општините од страна на државата“, рече Сухејл Фазлиу Министер за локална самоуправа.

Огромен проблем се и долговите на општините кои надминуваат милионски суми. Добар дел од локалните самоуправи подолг период се со блокирани сметки. Се реализираат само на помали проекти, а капитални инвестиции речиси и да нема. Од владата најавуваат дека ова ќе се сменело со тоа што парите од државната каса, која ја полнат сите граѓани од Македонија,  рамномерно ќе се поделеле по сите плански регион.

„Сите оние кои сме патувале низ светот знаеме дека стандардот на живеење многу често во помалите места или во руралните места во развиените земји е подобар од големите градови и од таа причина многу години големите градови не стануваат уште поголеми туку луѓето одлучуваат да останат да живеат во местата каде се родени бидејќи таму имаат подобри услови за живот. Во Македонија за жал тоа не е така“, изјави Кочо Анѓушев, вицепремиер за економија.

Досега, ниту една Влада не го почитува законот и од буџетот да ги префрли во општините планираните пари кои треба да изнесуваат еден отсто од БДП.

Иле Петревски

Loading...

Shpërndaj me