Најголем дел од патниците во автобусот што попладнево се преврте кај месноста „Карпалак“, на автопатот Скопје-Тетово, биле од Гостивар, наведува на својот фејсбук профил градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.

Се претпоставува дека патниците биле вработени во Скопје и се враќале кон своите домови.

Според очевидците, на автобусот му пукнала гумата, по што возачот ја загубил контролата, излетал од патот и се превртел.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...