За Роналдињо, Меси не е најдобар во ис...
Лионел Меси е најдобар во негово време, но не може да се каже дека е најдобар во историјата, изјави Бразилецот...
Прочитај повеќе...Македонската фудбалска репрезентација, по големата победа против Словенија со 2:1, денеска пристигна во Варшава, каде во недела ќе го одигра натпреварот со Полска. По триумфот врз Словенија, атмосферата и расположението е на повисоко ниво кај репрезентативците на Македонија, кои се надеваат да го изненадат актуелниот лидер во Групата Г, репрезентацијата на Полска. Во Варшава, Македонија бара бод, но и помош од Словенија која треба да ја победи Австрија. Натпреварот во следниот месец во Виена, може да биде решавачки за втората позиција.
Фудбалерите на Македонија во 18 часот го имаа првиот тренинг, за подобро да се запознаат со условите во Варшава. Официјалниот тренинг ќе се одигра во сабота, а натпревар ќе биде во недела во 20 часот и 45 минути.
Македонската фудбалска федерација, по победата против Словенија, одлучи да ги награди фудбалерите со 100 илјади евра. Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини верува дека ова ќе биде стимул за следниот натпревар против Полска, кој може да биде решавачки во трката за обезбедување директна виза за „Еуро 2020“. Втората шанса, Македонија може да ја има преку квалификациите во март во Лигата на нациите, кога ќе се соочи со репрезентацијата на Косово.
Лионел Меси е најдобар во негово време, но не може да се каже дека е најдобар во историјата, изјави Бразилецот...
Прочитај повеќе...Играчот од средниот ред на Фиорентина, Франк Рибери ќе биде подложен на операција на десниот глужд, соопштија ...
Прочитај повеќе...Многу големи и трофејни клубови се наоѓаат на листата од 32 клуба кои ќе ја чекаат понеделничката ждрепка за 1...
Прочитај повеќе...Манчестер Јунајтед на категоричен начин го освои првото место во својата група „Л“ во Лига Европа. „Црвенит...
Прочитај повеќе...