На програма на Првата македонска лига викендов е 26-тото коло каде се очекуваат неколку интересни пресметки. Во Тетово се игра дербито на колото помеѓу Ренова и Шкендија кои повторно ќе се сретнат и во среда, но во четвртфиналето од Купот на Македонија.

„Мислам дека ќе биде интересен натпревар, долго време ова дерби се игра во коректна атмосфера, се надевам дека и овој пат ќе биде така. Ние како екипа сме максимално подготвени. Верувам дека ќе извлечеме позитивен резултат бидејќи за три дена нè очекува реваншот во Купот“, рече Бурим Садику- играч на Ренова.

Во меѓувреме, Шкупи по два порази по ред, утре во Чаир игра со Пелистер. Напаѓачот Баже Илјоски верува дека со поддршка од публиката ќе освојат три бода

Утре Работнички игра со Силекс со почеток од 15 часот. еден час пред другите пресметки односно Победа – Скопје и Академија Пандев – Вардар.

Махир Тачи

Loading...

Shpërndaj me

Loading...