Поранешниот претседател на УЕФА, француската фудбалска легенда Мишел Платини, е уапсен под сомнение за корупција, објавија француските медиуми.

63-годишникот е уапсен како дел од истрагата за доделувањето на организацијата на Светското првенство во Катар во 2022 година, според весникот „Ле Монд“.

Платини сѐ уште ја отслужува четиригодишната суспензија од фудбалот, откако се дозна дека примил нелегална исплата од поранешниот претседател на ФИФА Сеп Блатер. Катар контроверзно беше избран за домаќин на СП 2022 пред една деценија.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...