Голем дел од плажите во Охрид и Струга ова лето останаа без спасители на вода. Иако обучени спасувачи има во доволен број за да можат да одговорат на потребите на целото крајбрежје и оваа туристичка сезона која е на самиот крај, поминува со истите проблеми како и лани.

Споредбено со лани имаме за 10 до 15% помал број на плажи коишто се безбедни. Сепак, нашите тимови се на капалиштата и имаме преку 40 спасители и 22 плажи се обезбени и се безбедни да се користат за капење, спорт и рекреација – изјави Сашо Точков-Црвен крст Охрид.

Во Струга од 11 плажи, само на пет има спасители.

И оваа година се покажа потребата од спасители на вода на нашите плажи затоа што имавме неколку интервенции за кои беше интервенирано на време и се покажа дека има потреба од спасители кои и понатаму би требало да бидат на плажите во Струга – рече Адуриме Даути-Црвен крст Струга.

Една од причините за моменталната состојба некои ја гледаат во тоа што на досегашните концесионери со плажите им се поминати договорите за концесија. Поради тоа и не изнајмуваат спасители, иако тоа им е законска обврска согласно договорите за концесија.

Без оглед дали имаат концесија, дали имаат потпишано договор или не, доколку ја работат таа работа, доколку комерцијално ја работат таа плажа, доколку поставуваат свои лежалки, доколку ја одбележуваат и примаат гости на таа плажа, морално е да ги предвидат сите оние безбедноси услови, за безбедно капење, спорт и рекреација… – изјави Сашо Точков-Црвен крст Охрид.

Во спротивно, додава Точков, ако нешто се случи, без оглед што немаат потпишано договор, кога би требало да се спроведе истрага тогаш ќе се испитува кој имал капалиште, кој ставил лежалки и сепак на крајот ќе се дојде до оној кој работел на диво.

Оваето на целото крајбрежје спасителите, имале повеќе од 1000 интервенции на укажување на прва помош и повеќе од 30 интервенции на извлекување на активни давеници од водите на Охридското езеро.Имаше само еден несреќен случај, кога на плажа кaj населбата Лагадин во Охрид, каде нема спасители, имаше несреќен случај, кога турист од Свети Николе при скок во вода удрил со главата во камен и починал на лице место. Од Црвен крст во Охрид најавуваат дека од наредната година на гостите на располагање ќе им биде мобилна апликација, преку која ќе може да се запознаат со квалитетот на езерската вода на секоја плажа, дали водата е безбедна за капење и дали и на кои плажи има спасители на вода.

Мики Трајковски

Loading...

Shpërndaj me

Loading...