За денешниот ручек направете ролнички од пилешки стек, со карфиол и брокула, прелиени со бешамел сос и сето ова спакувано во форма на мафини, за декоративен и вкусен оброк.

Состојки

600 гр. пилешки гради

100 гр. свински врат

300 гр. карфиол и брокула

100 гр. кашкавал

1/2 лажичка црвен пипер

прстофат лук во прав

мешан сув зачин

За БЕШАМЕЛ ќе ви треба:

50 гр. путер

3 лажици брашно

400 мл. млеко

прстофат мускатно оревче, сол и бибер

50 гр. пармезан

Подготовка

Чекор 1: Карфиолот и брокулата обарете ги во солена вода исцепкани на покрупни цветови. Белото месо исечете го на шницли и исчукајте го со чук за месо.Од месото завиткајте ролнички и прикачете ги со чепкалка. Направете смеса од зачини (сув лук, мешан сув зачин и црвен пипер) и валкајте ги од рамната страна. Пржете ги на масло од сите страни додека да заруменат.

Чекор 2: Во меѓувреме подгответе го бешамелот. Путерот ставете го во сад и кога ќе се загрее додадете го брашното. Пропржете го брашното и додадете го топлото млеко. Топло млеко додаваме за да не се направат грутки. Мешајте убаво додека не добиете густа смеса и додадете го пармезанот.

Чекор 3: Во калапот за мафини наредете ги ролничките. На секоја ролничка ставете кругче од свинскиот врат, покријте со цвет од карфиол или брокула и прелејте со бешамелот. Печете во загреана рерна на 220 степени 15 минути, или додека да фати коричка бешамелот. На кратко извадете ги, врз секое ставете нарендан кашкавал и вратете во рерна додека да се стопи кашкавалот (1 минута). Држете ги на топло до служење.

Чекор 4: Наросете со црвен пипер на секое парче. Сервирајте ги со гарнир по желба.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...