Амбасадорите на Холандија, САД и Велика Вританија се придружија на акцијата на „Пивара Скопје“ и „Пакомак“ за чистење на кејот на реката Вардар. Платформата „Рециклираше ли и ти“ беше промовирана во 2016 година со цел подигнување на јавната свест за селектирање на отпадот. Овој пат акцијата за чистење се спроведе кај мостот Близнак.

„Со ваквите волонтерски активности кои ги организираме заедно со нашите партнери, сакаме да упатиме јасна порака и апел до целата заедница дека сите треба да го преземат својот дел од одговорноста и повеќе да се ангажираат во решавањето на проблемот со загадувањето, со што ќе создадеме одржлива иднина за нас и за идните генерации“, рече Дан Тимотин, генерален директор на Пивара Скопје.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...