Лице на возраст од 79 години е итно пренесено во болница откако во скопската населба Чаир бил удрен од автомобил.

Според извори од полицијата:

На 14.08.2019 во 10,00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата “Џон Кенеди“ и улицата “Благоја Паровиќ“ патничко моторно возило “Опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Љ.(63) од Скопје, удрило во Р.Д.(79) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот кој бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

 

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...