За денешниот рецепт ќе ви бидат потребни следниве состојки:

Основа

6 средни јаболка

1 пакетче цимет

За фил

1 пакетче пудинг од ванила и млеко според упатството

1 пакетче шлаг крем

За декорација

бисквити или оревчиња

Подготовка:

Најнапред ја вадиме средината од јаболката, со ноже за чистење пиперки. Рерната ја загреваме на 200 степени. Со фолија го обложуваме секое јаболко посебно и убаво го попрскуваме со цимет.

Можете да ги печете со кора, потоа таа многу лесно се отстранува, а јаболкото останува целo и е полесно за јадење.

Во длабока тава ставаме на дното малку вода и ги редиме јаболката. Печеме околу 1 час или додека омекнат, но да не станат премногу меки како каша. Во меѓувреме го правиме пудингот и шлагот по упатството и откако ќе олади пудингот матиме се заедно.

Оставаме да се оладат јаболката, а потоа ги полниме со филот. Попрскуваме со цимет и чоколаден прелив.

Може по желба да додадете мелени оревчиња или бисквити.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...