Партиската дисциплина на ВМРО-ДПМНЕ е за поздравување, рече во своето вечерашно гостување во емисијата „200“ на Алсат, потпретседателот на СДСМ, Коста Петров. Одговарајќи на новинарско прашање – дали може да посочи позитивни елементи кај политичките ривали Петров вели:

„На ВМРО секогаш викам – браво на дисциплината. Затоа што ВМРО кога има цел сите застануваат позади тоа и сите работат на тоа. И тоа е нешто што треба да го учиме, за жал, во некои работи е деструктивно, меѓутоа, дисциплината, како партиска, е за поздравување, се разбира“, рече Петров.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...