Дополнителната заменичка-министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска најавува дека ќе се спротивстави на формирањето на паралелните структури во МВР и кршење на принципот на хиерархија и закони. Таа рече дека испраќа предупредување за спречи таков обид и додаде дека процесите започнати во ова министерство треба да продолжат нормално за време на изборниот циклус и граѓаните не треба да бидат предмет на опструкции, блокади и притисоци.

Петровска не се откажува од кривичната тужба најавена против министерот за внатрешни работи, Наце Чулев. Во врска со постојаните судири што ги имаа околу некои прашања, дополнителната заменик-министерка рече дека работат на решавање на несогласувањата.

Петровска тврди дека Ристо Ставревски не е добар избор за раководител на СВР Скопје, бидејќи е познат по притисоците што ги вршел за време на  изборните циклуси. ВМРО-ДПМНЕ реагираше за прес-конференцијата на дополнителната заменичка-министерка и  ја обвинија за лажење и манипулација. Според нив, таа го следи патот на нејзиниот шеф, поранешниот министер Оливер Спасовски.

“Кога Петровска зборува за професионализам во МВР, таа размислува за ангажманот на поранешниот началник на СВР Штип, сега обвинет за сериозен криминал, како советник на директорот на БЈБ. Кога Петровска зборува за професионализам во МВР мисли на Драган Симоновски, советникот на Спасовски, кој заврши во затвор поради злоупотреба на специјалните мерки за уцена, и Лазе Велковски, чија ќерка замина со службено возило на одмор во Грција”-велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Односите меѓу министерот за внатрешни работи, Наце Чулев и дополнителната заменичка-министерка Славјанка Петровска се заострија по назначувањето на новиот началник за СВР Скопје и по укинувањето на сите решенија на Спасовски за систематизацијата во МВР.

Фатлуме Дервиши

Loading...

Shpërndaj me

Loading...