Едно од можните решенија за надминување на проблемот со недостатокот на обрасци за нови пасоши е ставање печат на последната страница од пасошот чија важност е измината, вели во своето гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, дополнителната заменик-министерка во МВР, Славјанка Петровска.

Петровска појаснува дека иако предлог-решението е на маса, треба да се направи измена на законското решение, што не е само во надлежност на Владата и оти се разгледуваат сите опции за донесување на ова решение.

Запрашана како би се надминал проблем во случај кога важноста на некој пасош би истекла во мај, Петровска вели:

„Ќе се обратите до управните служби на министерството за внатрешни работи, секако, ако биде ова усвоено и таму ќе биде втиснат печатот во пасошот“.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...