Петмина од медицинскиот персонал од клиниката за кожни болести се позитивни на ковид-19, информираше на денешната перс конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

Како што кажа тој, сите иако го поминале инкубацискиот период без симптоми, нивните тестови покажале позитивен наод на вирусот.

Филипче појасни дека сите се во домашна изолација и се во добра општа состојба.

Инаку, ова се први 30 лица од персоналот во изолација, а останатите ќе продолжат да се тестираат следните денови.

 

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...