Во вечерашното издание на емисијата „200“ на Алсат ТВ, претседателот на НСДП, Тито Пекодвски, рече колу помалку партии толку повеќе демократија. Според него, во  Македонија вистинска демократија имало само две години од 1990 до 1992 година. Тоа е херојското време на Македонија, рече Петковски.

„Оваа демагогија што денес ја шират политичките партии  „народот е со нас, ние го претставуваме народот“, е мисловна именка. Сите политички партии претставуваат интресна група на граѓани и во Собранието ги претставуваат нивните ставови. Народот е нешто имагинарно кое служи за манипулација пред избори. Ние тогаш функциониравме искрено. Во Парламентот дејствувавме од позиција на сите граѓани и во интерес на државата. Од кога почнаа вторите парламентарни избори колата тргна удолу“, рече Петковски.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...