Потпретседателот на САД, Мајк Пенс изјави дека претседателот Доналд Трамп повикал на итен прекин на огнот во Сирија, за време на телефонски разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Беше соопштено дека САД воведоа санкции за двајца министерства и тројца високи владини претставници на Турција. Турската војска започна офанзива во северна Сирија против курдските борци кои биле сојузници на САД во борбата против милитантите на терористичката група Исламска држава. Пенс рече дека претседателот Трамп бил остар со Ердоган за време на разговорот. Потпретседателот на САД најави дека наскоро ќе патува во регионот за да се обиде да посредува во кризата, што предизвика напуштање на своите домови на повеќе од 160.000 цивили. Турската офанзива започна откако американските сили се повлекоа од регионот. Претходно, сириските владини сили започнаа да се распоредуваат на позициите на северот на земјата, откако Дамаск се согласи да им помогне на курдските милиции пред нападот на Турција.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...