Институциите се разбудија по објавената вест на Алсат дека двајца од седумте проблематични ученици во О.У. “Пенко“ носат ладно оружје, ножеви и електрошокови кои ги користат за да ги уплашат другите ученици и да ги рекетираат. Веднаш по прилогот, училиштето се сети да пријави во полиција, односно лично до Министерот за внатрешни работи. Ова го потврдија од полицијата и велат дека ќе дејствуваат во рамки на нивните надлежности. Министерот за образование, Арбер Адеми вели дека не е надлежен да бара одговорност од директорот на училиштето кој вчера рече дека не бил информиран за случајот, бидејќи досега никој не се пожалил. Но, ова е спротивно со информациите што ни ги дадоа родителите кои велат дека досега два пати барале од директорот да преземе мерки, бидејќи овој проблем постои веќе две години.

Арбер Адеми, министер за образование

„Осудуваме секакво насилство и други активности кои го попречуваат образованиот процес. Како министер за образование можам да кажам дека оперативните органи се тие кои треба да ги потврдат овие наводи на загрижените родители. Но, тоа што е најважно е да се обезбеди непречено одвивање на едукативно образованиот процес, да се почитуваат законските одредби, да се почитуваат стандардите од сите актери во една образовна институција, во овој случај основно училиште и да се утврди одговорност од самите надлежни органи“.

Разрешување на директорот на училиштето е под надлежност на градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски. Тој за Алсат рече дека прво ќе се анализира целата ситуација, а потоа ќе се бара евентуална одговорност. За случајот во „Пенко“ вчера бил информиран од директорот на училиштето.

Велимир Смилевски, градоначалник на Бутел

„За случајот вчера ме информираше директорот на училиштето и од него побаравме случајот да го пријави во полиција и да ги преземе сите неопходни мерки. Треба да се разгледаат сите детали, да се разговара со родителите, со наставниците и со управата на училиштето и откако ќе се анализираат сите работи треба да се види зошто се случува ова толку долго време, како што тврдат родителите, а наставниците тоа не го пријавиле кај директорот или можеби некој ги штител децата. Откако сето ова ќе се анализира ќе се преземаат сите потребни мерки за тоа дели некој треба да одговара“.

За дивеењето на проблематичната група ученици во „Пенко“ Алсат вчера информираше, откако неколку загрижени родители изјавија дека нивните деца одбиваат да одат во училиште од страв од таа проблематична група ученици кои на одмор земаат пари од другите ученици, а тоа го потврдија и учениците. Во аматерско видео кое успеавме да го обезбедиме, се гледа како учениците насилно извлекуваат завеса од една училница, а потоа ја користат како трамбулина и си играат со други ученици.

Evi Shkopi

Loading...

Shpërndaj me

Loading...