Македонскиот претседател, Стево Пендаровски, коментирајќи ги наводите за корекција на границите меѓу Косово и Србија оцени дека станува збор за анахрона идеја која не припаѓа на 21 век. Пендаровски рече дека не може да замисли нешто пострашно да се случи ако некој навистина мисли да влезе во еден таков проект.

„Час поскоро треба да се престане со лицитирање на таа тема. Тоа може да биде работа на експерти, на новинари, но не на одговорни политичари, бидејќи е неодговорно да се разговара за една во суштина грозна идеја за размена на луѓе и територии во 21 век. Последен пат таква работа се случуваше, со поддршка на големите сили 1923 година. Турција и Грција и ден денес влечат последици од таа размена на луѓе и територии, рече претседателот Пендаровски.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...