Претседателот Пендаровски доби потврда од својот германски колега Штајнмајер за поддршка за интеграција на С. Македонија во ЕУ и во НАТО. Во соопштението од средбата се вели дека Северна Македонија во октомври ќе добие датум, а проблем во јуни било тоа што германскиот Бундестаг бил во временски теснец и не успеал да го стави ова прашање на дневниот ред.

Визард Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски

„Претседателот Штајнмајер ја потврди силната поддршка на Германија за интеграција на С. Македонија во ЕУ и НАТО. Пендаровски изрази очекување С. Македонија наскоро да почне преговори за членство во ЕУ и за кратко време да заврши ратификацијата на Протоколот за членство од земјите- членки на НАТО, со што С. Македонија ќе стане полноправна членка на Алијансата“.

Германија веќе го ратификуваше протоколот за членство на С. Македонија во НАТО. Генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг изрази надеж дека земјата ќе стане полноправна членка на Лондонскиот Самит во декекмври.

Јенс Столтенберг- генерален секретар на НАТО

„Не зависи од мене, туку од брзината со која одлучуваат националните парламенти. Би било добро ако се заврши во декември, и на Самитот во Лондон, Северна Македонија да стане полноправна членка.“.

Инаку денеска и Националното Собрание на Унгарија, во присуство на спикерот на македонскиот парламент Талат Џафери го ратификуваше протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО. На списокот остануваат уште 10 национални парламенти кои треба да ја донесат истата одлука.

Фатлуме Дервиси 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...