Новинарот и познавач на случувањата во НАТО, Аугустин Паљокај, во изјава за Алсат рече дека со поканата за членство во Северноатланската алијанса, се губи руското влијание во Македонија и Балканот.

„Со Црна Гора во НАТО, со Албанија во НАТО, со Македонија во НАТО во иднина, со НАТО во Косово, малку ни е појасно барем прашањето на границите кои ги брани НАТО. Во случајот на Косово, со својата мисија, во случајот на другите земји преку членот 5 за колективна одбрана. Значи, со зачленувањето на земјите во НАТО, секако се зајакнува безбедноста во регионот и исто така се намалува и влијанието на Русија која се труди да влијае и ова влијание тогаш се ограничува кај населението кое зборува српски во Србија, БиХ, делумно и во Црна Гора, но Црна Гора исто така е членка на НАТО“, изјави Аугустин Паљокај, аналитичар.

Shpërndaj me