СДСМ и ВМРО ДПМНЕ инсистираат на независен правосуден систем, но меѓусебно се обвинуваат дека зад ваквите изјави се кријат со цел да се заштити криминалот на нивните високи партиски функционери. Димче Арсовски од ВМРО ДПМНЕ, во емисијата „Патот кон“ вели дека доколку владеењето на законот функционира, тогаш најмалку 10 функционери од СДСМ би биле во притвор за случајот „Рекет“. Изјавата на СДСМ, во која се вели дека нема да се заштитат членовите на партијата што го прекршиле законот, Арсовски ја нарече апсурдна.

Пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов, реагираше на ваквата изјава со образложение дека истрагата за случајот „Рекет“ ќе доведе до Христијан Мицкоски. Тој потсетува дека Катица Јанева во Собранието беше изгласана и од ВМРО ДПМНЕ.

Артан Груби го повтори ставот на партијата за ветинг, нарекувајќи ја ситуацијата во правосудството скандалозна.

Оценувам дека од 2015 година се наоѓаме во скандалозна, апсурдна, неуспешна ситуација која кулминираше со случајот „Рекет“. Гледате во каква состојба се наоѓаме, политичарите коментираат за истражни постапки. Судиите и обвинителите мора да научат да функционира без да се чека повик од некој политичар. Селективна правда на етнички линии … Арта: Зошто сте дозволиле“?- рече Артан Груби- ДУИ.

Гостите во емисијата, што се емитуваше вечерва во 20 часот и 40 минути, зборуваа и за предвремените парламентарни избори за кои исто така не најдоа заеднички јазик.

Еви Шкопи

Loading...

Shpërndaj me

Loading...