Заболената пациентка е во добра здравствена состојба и има лесна форма на коронавирусот, рече на вечерашната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој додаде дека се идентификувани се сите патници кои патувале со неа.

-Станува збор за комбе во кое биле девет луѓе, осум патници и еден возач. Три се идентификувани на две места во Скопје, заедно со роднините на пациентката која што ја пречекале и три места во Струмица. Во овој момент упатени се екипи на епидемиолози заедно со претставници на МВР за да се направи соодветната анкета по однапред утврден прашалник кој што е во регуларниот пристап на епидемиолозите, рече Филипче.

Епидемиолозите треба да дознаат со кој се комуницирале овие патници. Сите лица вечерва ќе останат дома со полициски надзор, како што е тоа предвидено во протоколите.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...