Патната инфрастуктура е најголем проблем за поголема трговска соработка помеѓу компаниите од Косово, Албанија и Македонија. Бизнис заеднцата ов овие три земји со апел до Владата да ја забрза изградбата на автопатот Скопје – Блаце, бидејќи рокот за градба до 2023 година за нив е неприфатлив.

„Изградбата на автопатот Скопје – Блаце како долгогодишно барање на бизнисите особено сега веќе кога делот од страна на Косово е завршен, останува главен инфрастуктурен проблем. Цениме дека ова е критичен момент за овој инфаструктурен проект и апелираме до Владата да го забрза овој проект и да ја реши оваа проблематика“, рече Неби Хоџа- претседател на СКСЗМ.

„Од инфраструктурен аспект Косово направи поголема инвестиција, има пречки кои ќе се елиминираат брзо. Се уште чекаме останатиот дел да се превземат мерките предвидени од страна на Северна Македонија и да се подобри уште повеќе оваа трговска размена“, изјави Скендер Красниќи, претседател на Стопанска комора – Косово.

Според премиерот Зоран Заев потенцијалот за соработка помеѓу трите држави е огромен.

„Тендерот за првата делница во нашата земја Скопје – Блаце го распишавме, верувам дека до крајот на оваа година, почетокот на нардената година ќе биде и за вториот дел на делницата распишан, нашата намера е со брз интензитет да го изградиме автопатското решение Скопје – Блаце во должина од 12,5 километри“, рече Заев.

Покрај патната инфрастуктура, бизнис заедницата се пожали и за нетарифните административни бариери, за што добија ветување за брзо решение од министерот за економија Крешник Бектеши.

„Истовремено ќе разговараме многу отворено со нашите соседи, за да ги укинеме сите нетарифни административни или технички бариери што можат да создаваат проблеми во трговска размена помеѓу нашите држави“, рече Бектеши.

Регионалниот Б2Б настан на стопанственците од трите држави се одржува во организација на Стопанската комора на северозападна Македонија.

Андреа Чобанова

Loading...

Shpërndaj me

Loading...