Топењето на снегот изнесе на површина голем број проблеми во патната инфраструктура во Тетово. Отворени шахти, бројни дупки и оштетени тротоари кои долго време чекаат да бидат поправени. Патот Тетово-Јажинце изгледа како индустриска улица, но ситуацијата е уште полоша низ секундарните улици во градот. Жителите се револтирани од неефикасноста на надлежните институции и често велат дека самоиницијативно ги поправаат дупките.

„Воопшто не се одржуваат, нема квалитетен асфалт, има дупки и не ги пополнуваат, ги оставаат така. И народот веќе нема волја да работи.“

„Дупките треба да се пополнат, видете и сами, но кој да го направи тоа. Не доаѓаат да ги наполнат дупките, парцијално ги поправаат, така не оди… како што можете и сами да видите“, реагираат локалните жители.

Во повеќето случаи дупките се покриени со бекатонки, кои покрај тоа што не го решаваат проблемот, дури и ги загрозуваат жителите.

Иста ситуација има и низ патиштата по селските општини. Најголем проблем е што најчестите пукнатини се појавуваат на патот кој беше асфалтиран само пред една или две години. Запрашани за проблемот, од општина Тетово велат дека санирањето на патиштата ќе започне откако ќе се подобри времето и тоа со пари од Светската банка. Во меѓувреме од претпријатието Македонија пат велат дека наскоро ќе почне асфалтирањето на регионалниот пат Тетово – Порој.

Башким Сулејмани

Loading...

Shpërndaj me