Во дебатата за промена на изборниот систем аргументи и контра аргументи, на Алијанса за Албанците, Движењето БЕСА и ДУИ. Во „Патот кон“, која се емитуваше вечерва во 20 часот и 40 минути сите три партии се за промени, но за различни решенија. ДУИ поддржува избори со отворени листи, но со шест изборни единици, колку што се во моментов.

“Мислам дека пропорционалниот систем со отворени листи нуди можност да имаме парламент со поквалитетни пратеници. Иницијативата за една изборна единица од страна на малите политички партии, во минатото докажа дека малите партии изнесуваат идеи во име на големите македонски партии“, изјави Тахир Хани, ДУИ.

Од Алијанса за Албанците предлагаат систем со осум изборни единици, бидејќи како што велат, би добил на важност гласот на секој граѓанин. Според Алијансата, моделот со една изборна единица е неприфатлив затоа што со него би изгубил гласот на Албанците.

“На пример, кој ми гарантира дека ќе биде заштитен гласот на места каде што комисиите ќе бидат само од ВМРО ДПМНЕ или СДСМ. Мене никој не ми дава гаранција дека таму нема да се полнат кутиите за да се постигне цензусот до тој степен, до кој албанскиот глас да не може да се артикулира во мандати“, рече Ремзи Мемеди – Алијанса за Албанците..

Движењето БЕСА, предлага систем со три изборни единици бидејќи сегашниот изборен систем не е соодветен. Според оваа партија, има градови или области со албанско мнозинство кои се поделени во две изборни единици и го спома Кичево, Дебар и Чаир.

“Впечаток кај гласачите Албанци е дека шестата изборна единица и Албанците воопшто се оштетени и ова е реалност, бидејќи секој изборен циклус автоматски отстрануваат половина од градот Дебар и во вакви околности ние ќе успееме постојано да правиме концесија на штета на албанскиот глас“, изјави Арианит Хоџа – Движење БЕСА.

За време на дебата меѓу гостите не отсуствуваа ни обвинувања за други прашања како образованието, здравството, судството.

Еви Шкопи

Loading...

Shpërndaj me

Loading...