Голготата на исклучените граѓани од системот за парно греење никако да заврши. Откако со закон им се гарантира дека нема повеќе да плаќаат за услуга која не ја користат, сега Балкан Енерџи Груп одбива да ги прими нивните барања за да бидат избришани од евиденцијата. Тоа е компанијата за производство и дистрибуција на топлинска енергија низ Скопје. Од Регулаторната комисија за енергетика препорачуваат граѓаните кои се соочуваат со овој проблем, документите да ги достават кај нив.

Потребно е да донесат копија од лична карта, имотен лист не постар од еден месец, извод од матична книга на родени на лицето што живее во станот или договор за издршка доколку во него живеат родителите, како и сметки за платена струја од последните шест месеци. Доколку станот е даден под кирија, покрај овие документи треба да достави и договор за закуп.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...