Претпријатието „Паркови и зеленило“ во соработка со Град Скопје развиваат стратегија за заштита од оштетување на зелените места. Целта на стратегијата е да се подигне свеста на граѓаните за зачувување и грижа за зелените области. Од Општина Чаир велат дека ќе го ангажираат инспекторатот за животна средина да ги казнат сите несовесни луѓе кои свесно ги оштетуваат зелените површини, особено по неодамнешниот случај на кражба на некои борови во паркот кај поликлиниката во Чаир.

„Имаме стратегија на која работиме со Град Скопје за да се подигне свеста за зачувување на зелениот простор. Но, тоа е во свеста на граѓаните, без разлика колку и да се обидуваме ние… Овој парк функционира веќе 15 дена и воопшто не е оштетен, така што верувам дека граѓаните ја гледаат вредноста“-изјави Адријан Муча, директор на „Паркови и зеленило“.

„Имаме инспекторат и ќе се обидеме да ги казниме лицата кои не се свесни. Сепак, мислам дека оваа форма не треба да се применува во нашата општина. И апелирам до граѓаните дека се направени инвестиции и сите мора да ги зачуваме овие инвестиции заедно, затоа што тие се во корист на нашите граѓани и нашите деца“-рече Висар Ганиу, градоначалник на Чаир.

Првиот човек на претпријатието „Паркови и зеленило“ и на општина Чаир ги дадоа овие коментари за време на пуштањето на најновиот парк во Топанско Поле во Општина Чаир. Паркот зафаќа површина од околу 9.200 квадратни метри и вкупната инвестиција изнесува шест милиони денари. Над 100.000 квадратни метри зеленило се уредиле на ниво на Град Скопје оваа година.

Мефаил Исмаили

Loading...

Shpërndaj me

Loading...