Најмалку четири илјади домашни и странски компании ќе може да аплицираат за дел од колачот вреден 70 милиони евра кој владата го предвиде како поддршка за стопанството. Аплицирањето започнува од понеделник, а ќе трае до први август. Пари од државната каса може да добијат само фирми кои инвестирале лани во производствени капацитети, имале позитивен биланс на сметката на крајот на годината и не го намалувале бројот на вработени. Оние кои ќе бидта избрани парите ќе ги добијат на 25 ноември.

„Создадовме сосема нова индустриска политика со што нудиме можност и на домашните компании да ги искористат сите можности кои ги нуди државата преку своите институции. Значи, изготвивме нов Закон, транспарентен закон, кој однапред им нуди упатство, насока на компаниите кој и колку можат да бидат помогнати од Владата со единствена цел истите тие компании да смогнат храброст да направат нови инвестиции“, рече министерот за економија, Крешник Бектеши.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...