Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлог за издавање казнен налог за лице кое синоќа, по 21.00 часот управувало со патничко моторно возило  по улиците на Гостивар, во период кога е на сила забраната за движење. Со тоа, обвинетиот за време на епидемијата на опасна болест COVID 19 не постапил според прописите и упатствата со кои беа определени мерки за сузбивање и спречување на коронавирусот и  го сторил кривичното дело – Непостапување според здравстевни прописи во време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар предложи на судот, на обвинетиот за стореното кривично дело да му изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби.​

Loading...

Shpërndaj me

Loading...