Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, го повтори ставот дека евентуалниот договор за името ќе треба да го елиминира иредентизмот, бидејќи според него, Грција не може да дозволи да постојат иредентистички тензии и фалсификување на историјата. Сепак, за Атина, според него, уставните измени се поважни. И лидерот на грчката опозиција, Киријакос Мицотакис рече дека можниот договор мора да опфати уставни промени во Скопје и име за севкупна употреба, односно Ерга Омнес.

„Нашиот сосед треба да го смени Уставот, бидејќи неговиот Устав денеска содржи неприфатливо име. Тоа треба да се смени. Оваа промена во Уставот е главен предуслов и знаете зошто тоа е главен предуслов? Затоа што ние земјите-членки на ЕУ и НАТО сме демократски држави кои го почитуваат владеењето на правото. Како да толерираме една држава и нејзиниот премиер да потпише договор и ние да го ратификуваме тој договор кој е противуставен?! Каков пример ќе дадеме со тоа“, изјави Прокопис Павлопулос, претседател на Грција

Shpërndaj me