Двојниот европски првак во карате, Емил Павлов на денешната средба со новинарите откако го освои златниот медал на ЕП во Нови Сад, најави дека следната цел му е злато и на светското првенство. За македонското карате, ова е првиот златен медал во европско првенство, откако овој спорт стана олимписки. Павлов е еден од најсериозните кандидати на Македонија за исполнување на олимписката норма за „Токио 2020“. На овие игри, каратето како спорт ќе дебитира во семејството на олимписко движење.

Shpërndaj me