Триатлон федерацијата на Македонија на 6. и 7. јули покрај Билјанините Извори во Охрид ќе го организира ЕТУ Триатлонскиот европски јуниорски куп и Отвореното национално првенство 2019 на Македонија. И втора година по ред, Охрид ќе биде домаќин на голем триатлонски настан. Стартот и целта на натпреварите ќе биде на Buffalo Beach, во Билјанини Извори. Пријавувањето за Јуниорскиот европски куп во машка и женска конкуренција се реализира преку националните федерации. Трката наменета за јуниори, родени помеѓу 2000 и 2003 година ќе се состои од: 750м пливање, 20км велосипед и 5 км трчање.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...