На отворањето на Охридското лето годинава на Антички театар на 12 јули ќе настапи светски познатата виолинистка Ванеса Меј. Британската музичарка некогаш била нарекувана чудото од дете, а за прв пат охридската публика ќе има можност да ја види на 59-то издание на една нашите најпознати летни манифестации. Годинава се предвидени повеќе од 40 културни настани, меѓу кои и уметници од земјава, од Албанија и од Косово.

„На 12 јули на Античкиот театар ќе имаме една незаборавна вечер со уметничка која го носи епитетот светско чудо. Убедена сум дека заедно со оркестарот на Македонската филхармонија и вокалните солисти од Македонската опера и балет ќе направат спектакуларен концерт“, рече Наташа Поповиќ – директор на Охридско лето.

„На оваа прес-конференција би ги издвоил: еден од најпознатите виолончелисти на светската сцена, Русинот Денис Шаповалов, неповторливата сопранистка Инва Мула од Албанија, која ќе настапи заедно со  македонскиот тенор Ѓорѓи Цуцковски и сопранот Дешира Крлиу, тука е пијано-дуото Гелебешеви, познатиот српски виолинист Стефан Миленковиќ. Годинава во обемната програма со врвни уметници на „Охридско лето“ ја има и албанската флејтистка Јонела Големи. Оваа година на роденденскиот настан ги имаме уметниците Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ, виртуози на своите инструменти“, изјави Васо Ристов-музички селектор.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...