Штаемеркише Банка и Шпаркасен официјално ја купија Охридска банка за 48 милиони евра со што станува сопственик на 91 отсто од акциите. Оваа банка ќе биде четврта по големина во земјава и ќе држи 14 отсто од банкарскиот пазар. Засега сметките на клиентите Охридска Банка, како и условите за кредити дефинирани со договорите, ќе останат непроменети. Двете банки ќе функционираат како засебни правни субјекти. Спојувањето на Охридска со Шпаркасе банка Македонија, се очекува да се случи во вториот квартал од 2021 година.

„Денес стануваме дел од една нова групација, влегуваме во нови предизвици, но со многу поголемо искуство и со добри финансиски перформанси. Изминатата година Охридска банка ги оствари историски најдобрите резултати и со тоа ја зацврстивме нашата заложба да бидеме партнер на домашните и странски команија на нашите клиенти и економијата“, рече Нина Неданоска-претседател на Управен одбор на Охридска банка.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...