Уште едно истражување го потврдува сомнежот – мажите се чувствуваат загрозено од пaметни жени

Едно ново истражување кое треба да излезе наскоро, го докажува тоа што со години го зборуваат жените – мажите се плашат и се чувстувуваат загрозени од паметни и моќни жени. Нив ги привлекува идејата да бидат во врска со паметна жена, но во реалноста не сакаат вистински да бидат со неа.

Така велат истражувачите. Овие наоди треба да бидат објавени во издание на ‘Personality and Social Psychology Bulletin (официјален службен весник на социјалната психологија). Во истражувањето, кое е направено на Универзитетот во Бафало, Калифорнискиот Лутерански Универзитет и на Универзитетот во Тексас, се претпоставува дека привлечноста на жените кон мажите зависи од очекувањата кои ги имаат од потенцијалниот партнер во однос на романтиката и односот меѓу нив на тоа поле.

Поделени во две групи, на 105 мажи им било прочитано хипотетичко сценарио каде жените или биле подобри во резултатите од нив во математика и биологија или биле полоши, а потоа ги натерале да ги замислат како нивни љубовни партнерки. Мажите изјавиле дека оние кои имале подобри резулати од нив им биле повеќе привлечни и попосакувани за сметка на другите кои покажале полош резултат.

Во вториот дел од студијата, кога било побарано од мажите да кажат дали би биле во врска со таква жена во реалниот живот, тие се исплашиле. Покажале помал интерес за размена на информации или каков и да било план во иднина со неа.

Заклучокот е сведен на стравот и загрозеноста на машката популација од моќта и интелектот на жените.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...