Американската актерка Џенифер Анистон наполни 49 години оваа година, а многумина се прашуваат дали таа има магичен еликсир што  и помага да ја одржи младоликоста и одличната физичка форма.

Џенифер Анистон неколку пати во медиумите изјави дека здравата исхрана е важен сегмент од нејзиниот живот.Покрај протеинските шејкови, актерката открила дека најомилен оброк и е од салата од киноа, која е богата со влакна, железо и витамини.

Состојки:

1/2 чаша киноа
2 чаши вода
2 краставици
2 домати
1 авокадо
3 лажици маслиново масло
3 лажички сок од лимон
Сол и бибер по желба

Припрема:

Ставете две чаши вода во тенџере и додајте ја киноата и сол по желба. По 20-30 минути варење, исцедете ја и оставете ја да се олади. Исецкајте ги доматите, авокадото, краставиците, а потоа додадете ја киноата. На крајот прелијте со маслиново масло и сок од лимон.

 

 

 

Loading...

Shpërndaj me