Од вкупно 14 пунктови за тестирање за коронавирусот денеска се отвори само еден. Поради приватноста на пациентите, снимањето во поликлиниката „Јане Сандански“ во скопски Аеродром не беше дозволено. Во Сингелиќ ваков центар ќе се отвори утре, а во Чаир за 3 дена.

Граѓаните стравуваат дека овие центри нема да имаат доволен капацитет за да ги тестираат сите кои би имале директен контакт со заразено лице. Но, до појавување на симптомите велат дека може да биде доцна.

Мислам дека ова е добро, да се има превентива пред да се случи. Секако дека е добра идеја и треба да се спроведе“…

„Седиме дома. Не треба да се излегува без потреба. Подобро за сите нас е да ги спроведуваме препораките. И ова е добро за сите нас. Секако дека и јас ќе се тестирам“, рекоа анкетираните граѓани.

14-тте пунктови ќе работат од 8 до 14 часот, а брис ќе може да им е земе на околу 30 пациенти на ден. Термини се закажуваат преку матичните лекари кои ќе ги оценуваат симптомите на пациентите.

„Преку матичните лекари, ако имате симптоми или сте биле во контакт со некој заболен, треба да се јавите на матичен лекар. Тој преку систем ќе направи анамнеза и ако има потреба ќе закаже термин со упат и пациентите ќе дојдат за брис“, рече Бурак Шабани, советник за примарно здравје.

Од сите 14 пунктови, три се во Скопје. Ова е нов метода за да се детектира евентуален нов бран на пациенти. Телефонските линии се отворени за јавување кај епидемиолог. Властите велат дека зависно од итноста, лекарски екипи одат и во домашни посети кај пациенти кои имаат симптоми на ковид-19 и откако ќе стигнат резултатите, ако има потреба пациентите со амбулантни возила ќе се транспортираат на Инфективната клиника.

Аднан Ќаили

Loading...

Shpërndaj me

Loading...