Тоа може да изгледа неверојатно, но од сега на еден остров во Норвешка времето и часовникот нема да имаат никаква смисла. Островот се вика Сомарој и има околу 300 жители. Граѓаните велат дека страдаат од конвенционалното време, бидејќи се северно од Арктичкиот круг и имаат целосно мрачни денови или целосно светли. Во лето, на пример, сонцето не заоѓа цели 60 дена, а часовите стануваат сосема непотребни. Во средина на ноќта, во текот на летото, во градот во два часот наутро може да се видат деца кои играат фудбал, луѓе кои кречат куќа или ги чистат своите градини, или тинејџерите кои одат на пливање. Поради оваа причина, граѓаните на Сомарој во мај свикаа собрание кое ќе одлучи да ги укине часовниците и со тоа да ја создадат првата „слободна временска зона“ во светот. Целта на оваа иницијатива е да се гарантира голема флексибилност за граѓаните и, следствено, за многуте туристи кои го посетуваат островот секој ден, поради белите плажи. Дури и странците мора да се прилагодат, оставајќи ги своите часовници на мостот, кој го означува влезот во градот.

Алсат

Loading...

Shpërndaj me

Loading...