Индонезискиот остров Комодо, домот на најголемиот гуштер на светот, познати како змејот Комодо, нема да се затвори за туристите следната година, како што беше најавено. Имено, како замена ќе постои шема на членство за посетители, кои треба да платат 1.000 долари за нивната љубопитност за посета на ова посебно место со ретки видови на суштества.

Во јули беше соопштено дека островот ќе се затвори во јануари, со цел да се спречи исчезнувањето на овој редок вид. Моментално, посетителите за влез во островот плаќаат само 10 долари. Лани, Комодо го посетиле 176.000 лица додека пред една деценија тој број бил само 44 илјада. Според локалните власти, туристите се причина за проблеми со размножување на познатиот азиски влекачи, кој може да расте и до три метри, има остри заби и отровен угриз.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...